Бруско (2013)

Мелина е 25-годишна убава девојка која израснала во Атина, а има студирано во Париз. Една вечер, во еден бар во Атина ја прославува својата девојaчка вечер, пред да се омажи за богатиот Сифи, нејзиниот долгогодишен дечко од Крит за кого веќе нивните родители ги договориле сите адети и планови за бракот. Додека Мелина се забавува на една маса со другарките во тој локал, на масата ѝ пристигнува шише 'бруско', убаво сортно вино. Бруското е подарок од младиот Ахил за идната невеста. Ахил во истиот бар слави момачка вечер и сосема случајно ја здогледува Мелина, па решава на интрересен начин да ѝ ја честита идната свадба на непознатата девојка. Но, тоа вино и таа ноќ засекогаш ќе ги променат животите на Мелина и Ахил.

 

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 40 / 40