Луда Куќа (2017)

Бурџу е разгалена ќерка единица на моќниот бизнисменот Тајфун. Taa не може да си го замисли животот без нејзината кредитна картичка. Нејзиниот совршен луксузен живот и нејзините секојдневни "грижи" драматично се менуваат кога нејзиниот татко е обвинет за корупција. Поради овие обвинувања, нејзиниот татко бега од полицијата и ја напушта земјата без ништо да ѝ каже на својата мила ќерка, а приликата ја користи маќеата за да избега со новото момче. Целиот имот на семејството е запленет од извршители, сите банкарски сметки се блокирани, а вилата во која живеат е превземена од судовите. Бурџу се наоѓа во очајна ситуација и не знае како да преживее во овој хаос. Но, случајно наоѓа едно писмо оставено од нејзиниот татко, преку кое дознава дека е наследничка на ранчот Аслан. Немајќи друг избор, младата девојка решава да замине во далечното село, на живописниот чифлик на Асланови и да си го поврати тоа што е нејзино.

Со доаѓањето на девојката од градот се менува животот на Асланови. Тоа е едно големо и весело семејство, на чиј чифлик живее Ведат со со неговата мајка Хајрије, сопругата Хатиџе и четирите сина, четирите аслани. Горди на своите синови, Ведат и Хатиџе водат мирен и спокоен живот. Ведат е фармер, додека неговата сопруга Хатиџе е домаќинка која исто така работи на чифликот, одгледувајќи кокошки и зеленчук.

Гајрет e најстариот син, работи во болница, опседнат e со чистота, симетрија и бактерии. Мурат e началник на полиција, совесен, чесен, секогаш на страната на законот. Умут е новинар-репортер, постојано е во потрага по свежа и бомбастична вест а поради тоа и често се надмудрува со својата шефица Пелин. Мутлу е најмладиот син, без желба за работа, а омилен спорт му е лежењето.

И така, со доаѓањето на Бурџу, едноставниот живот на Асланови се менува од корен. Моментот кога девојката ќе затропа на капијата е моментот кога ништо повеќе нема да биде исто. Тие имаат услов да го напуштат чифликот, но случајно родената љубов меѓу Бурџу и Мурат ќе ги промени нештата и ќе донесе низа на урнебесни ситуации и глупости во лудата куќа.

Улоги : Akin Akinozu (Мурат), Burcu Ozberk (Бурџуp), Zerrin Sumer (Хајрије), Hakan Salinmis (Ведат), Benian Donmez (Хатиџе), Ferdi Sancar (Gajret), Firat Altunmese (Умут), Bora Akkas as (Мутлу)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 90 / 90