Приказната започнала пред 20 години кога младиот Сергеј се вљубил во убавата девојка и одлична студентка Света за време на факултетските денови. Но, за жал, Света не го ни забележувала Сергеј, па така нивните патишта се разиделе. По многу години, Света е мажена, со деца и живее скромно секојдневие, а пак Сергеј е богат сопственик на моќна компанија, женет со дете. И сега кога повторно ќе се сретнат, Сергеј ги гае истите чувства кон Света, а таа не го ни гледа како некој со кого би имала нешто подлабоко. Сергеј нема лесно да се откаже, а децата и сопругот на Света ќе бидат вплеткани во опсесивната игра на Сергеј, поставените стапици и неочекуваните трагедии кои следуваат.
Улоги : Елена Великанова, Богдан Буйлук, Ирина Гришак, Андрей Барило, Наталья Доля, Анастасия Шульга, Роман Ясиновский