Огледало (2018)

Ова е приказна за Ања и Јана, две сестри, навидум доста слични, но потполно различни. Една страотна сообраќајна несреќа ќе го промени животот на двете сестри и ќе донесе опасни страсти, лаги и откриени семејни тајни. Во колата се наоѓаат само тие две. Едната, милата Ања, е на пат да го проба невестинскиот фустан пред денот на свадбената церемонија со љубовта на нејзиниот живот. А другата е Јана, злобна и амбициозна девојка, која е на пат за интервју во една телевизија. И таа несреќна сообраќајка носи нешто сосема неочекувано. Колата се превртува, а двете сестри се во животна опасност. Ања паѓа во кома, а Јана се спасува и решава да ја искористи ситуацијата и да го добие сето она што цел живот го посакувала и на што завидувала - животот на нејзината сестра. Во моментот на несреќата и во болницата, Јана го носи на раката свршеничкиот прстен од рубин, кој насилно го зела од Ања, и затоа на самиот почеток, сите ќе ја помешаат со Ања. Остроумната злобница решава да го искористи тоа и да се претстави како Ања. И сега кога сите мислат дека таа е Ања, злобната девојка ќе посегне по сето она што го имала Ања - нејзиното лице, животот, пријателите и нејзиниот свршеник.

Играта започнува и навидум, сите карти се во корист на Јана. Го уценува докторот да го направи лицето на нејзината сестра, а потоа да се омажи за свршеникот на Ања. Заплетот добива поинаков тек кога на изненадување на сите, се буди Ања од кома. Ања е подготвена да си го врати сето она што било нејзино. Јана е подготвена да се бори за среќата што ја украде од нејзината сестра. Секој ден Јана ја игра улогата на милата и добродушна Ања. А Ања, за првпат во својот живот чувствува вистинска омраза и се бори да ѝ се одмазди на сестрата-предавничка.

 

Улоги : Ада Роговцева, Олександр Гетманський, Олеся Островська, Роман Луцький, Оксана Архангельська, Олексій Нагрудний, Віталій Іванченко, Олена Узлюк​

 

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 48 / 48