Девојката (2022)

Приказна во која ќе дознаете како е да се живее без глас, да се живее со потсмев и неприфаќање, како е да се живее во свет пон со омраза и гнев... да знаеш дека причината за болката во очите на твоето дете си ти, омаловажување, исмејување и вина наспроти борбата на една ќерка против кршење на веќе скршен човек и нејзината иднина во тој суров свет!

Зејнеп е обична, млада девојка со големи соништа и желби. Со својот татко живее во куќата на тетка и’. Освен секојднените грижи и обврски Зејнеп е и „мајка” на нејзиниот татко, затоа што, иако тој е 45-годишен маж има емоции и интелегенција на 5-годишно дете. Нејзиниот најголем сон е да стане инфлуенсер, да заработи доволно пари за да си оди од куќата која ја чувствува како затвор. Постајаниот притисок, навреди и омаловажување од страна на нејзиниот тетин, се секојдневието на оваа млада девојка и нејзиниот татко, иако чесно си го заработува лебот, чистејќи по куќи со нејзината тетка.

Една од куќите кои ги одржува Зејнеп е на Озан, млад, згоден, убав и успешен инфлуенсер. Тој е нејзиниот идеал, сон и платонска љубов. Но, една случка ќе им го смени животот на двајцата.

Виорот на социјалните медиуми ќе им ја сврти реалноста наопаку, од врв до дно, од се’ до ништо и обратно!

Сезони 1 / 1
Епизоди 65 / 65