Судбината на Фатмаѓул (2010)

Фатмаѓул е невина, мирна и преубава девојка која живее во малото туристичко место Чесме. Работи така што му помага на својот брат во еден мал погон за преработка на млеко. Таа едвај чека да се омажи со рибарот Мустафа и да отидат во куќата која тој ја гради за нив. Посакува да замине од домот каде живее затоа што е постојано малтретирана од Мукадес, сопругата на нејзиниот брат Рахми. 

Но судбината на Фатмаѓул нема да биде онаква каква што си ја планира.

Една ноќ на плажата, Фатмаѓул е силувана од млади пијани богаташи кои го обележуваат нејзиниот живот. Следното утро, несреќната и злоупотребена Фатмаѓул е најдена полужива и е префрлена во болница. Трагедијата е уште поголема затоа што на болничкиот кревет, нејзиниот свршеник Мустафа се одрекува од неа поради изгубената чест на девојката. Семејствата на силувачите сакаат да го покријат злоделото и затоа ќе го присилат едниот од нив, Керим да се ожени со Фатмаѓул иако тој тврди дека не учествувал во силувањето. Фатмаѓул ќе мора да се омажи со Керим и да се пресели во Истанбул поради срамот во малото место, а Мустафа тогаш ќе реши да ја поврати љубовта на саканата и да се одмазди на оние кои ја силуваа. 

 

Улоги: Beren Saat, Engin Akyürek, Sumru Yavrucuk, Musa Uzunlar, Civan Canova, Fırat Çelik​

 

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 153 / 153