Децата од улицата (2023)

Тешка е судбината на децата кои израснале на улица. Многу од нив не дочекале ни полнолетство, многу од нив едвај преживеале или тргнале по погрешни патишта. Дрога, насилство, сексуално вознемирување, глад… Судбината на децата од улиците е или затвор или гроб. Во оваа серија, ќе ја преживуваме судбината на пет вакви деца, пет сирачиња кои ќе се спротистават на искушенијата кои им ги донесе животот.

Мерџан, Али, Зипкин и Сабин наоѓаат бебе во контејнер и поради мајчинскиот инстинкт на Мерџан, одлучуваат да се грижат за него и да го израснат заедно со нив. Чатал, лошиот човек за кого се принудени да работат, го забележува бебето, па децата во одбрана го повредуваат Чатал и затоа се пронудени да избегаат далеку. Бебето е всушност исфрлено во ѓубриштето од страна на нејзиниот богат и лош вујко, кој имал сосема поинакви планови за фамилијата и наследството, и кој всушност е шеф на Чатал. Ако тој открие сега дека детето преживеало, тоа ќе значи повторен обид да се убие бебето.

Затоа, сега тоа бебе ќе стане дел од оваа нова фамилија која го пронајде и кои ѝ го дадоа името Ѓулајше. За Ѓулајше започнува нов живот покрај новото семејство кое ѝ даде сѐ што улицата им одзеде. Љубов, грижа и поддршка. Тие ја прегрнаа со целата нивна снага, велејќи ѝ: Од овој момент сме заедно, не се плаши, ние сме тука за тебе и секогаш ќе бидеме со тебе. Но, години подоцна, нивниот живот се менува кога минатото ќе затропа на вратата и полицаецот Барбарос ќе ја побара Ѓулајше. Ќе може ли сега таа да го напушти своето семејство, да замине далеку од своите браќа и сестри, од оние кои ја израснија и ѝ ги покажаа вистинските вредности на животот.

Улоги: İlayda Alişan (Ѓулајше), Burak Tozkoparan (Барбарос), Hande Soral (Мерџан), Görkem Sevindik (Али)

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 135 / 135