Баба Ванѓа (2013)

„Баба Ванѓа“ е руска мини серија, продуцирана од филмските компании „Фаворит-Фильм“, „Film.ua“ и „New Wave Production“ за првиот канал на Руската државна телевизија. После промоцијата во Израел на 25 август 2013 и на Првиот канал во Русија на 18 септември 2013, серијата започна да се емитува и на бугарската национална телевизија БНТ1 од 19 март 2014г.

Улогата на Ванѓа ја толкуваат пет актерки и тоа Елена Јаковлева (Ванѓа на постара возраст); Ирина Рахманова (на средна возраст); Наталија Николаева (на млада возраст); Дарја Отрошко (на 12 години); и Кристина Пакарина (на 7 години).

Во серијата учествуваат и бугарски актери како Албена Ставрева, Анастасия Ингилизова, Даниел Димов, Ивайло Герасков, Кирил Ефремов, Красимир Ранков, Любо Нейков, Николай Мутафчиев, Николай Урумов, Руслан Мъйнов, Стоян Алексиев, Сашка Братанова и др.

Содржина:

Серијата започнува со остварувањето на едно од предвидувањата на Ванѓа, за тешка несреќа во Русија, после настанот ја посетува руска телевизиска екипа. Во групата на новинари вклучена е и една млада репортерка Алиса Варажескаја која е потресена од предвидувањето за потонувањето на руската подморница „Курск“. Ванѓа посакува да зборува само со неа и и го раскажува целиот свој живот. Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош. Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна. Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата. Баба Ванѓа ги објаснила своите исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не им го знаела потеклото. Тие ѝ ги давале информациите за луѓето, и нивниот живот ѝ бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до смртта. Баба Ванѓа лекувала со природни лекови од растенија и цвеќиња, затоа што сметала дека премногу апчиња не дозволуваат организмот сам да се избори против болеста. Исто така препорачувала луѓето кои применуваат природни лекови, да користат растенија и билки од средината и земјата каде живеат.

Прашањето е како да се запомнат работите кој ги кажала таа, пред работите кој ги прорекла да не стасаат или тоа е друг феномен. Прекорувана од едни а бодрена од други, Баба Ванѓа ги прекројува животите на останатите, Вангелија Гушерова родена 1911г. па се до нејзината смрт, па и 66 години подоцна до 2002г. Способностите на една силна и мудра жена е загатката на ХХ век, а за нејзе постојано кружат разни легенди.​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 12 / 12