Мојот Вујко (2014)

Јонџа е млада и убава девојка, мажена за доктор Тарик, за неа совршениот маж на планетата. Совршеното во Тарик за Јонџа е тоа што тој нема семејство, затоа што таа не сака да се поврзува со никакви роднини на мажот и да споделува традиционални семејни навики и обичаи. Тарик бил посвоен уште како мал и не ја познава биолошката фамилија. Но, откако ќе се преселат во еден стан, Јонџа сфаќа дека кошмарот од кој се плашела допрва почнува. Тие стануваат соседи на едно големо и откачено семејство, кои живеат во голем стан каде ги "собира" буквално сите. Новите соседи не ја прифаќаат баш Јонџа заради нејзиниот карактер, но затоа го обожуваат Тарик и го доживуваат како нивниот одамна исчезнат член на фамилијата. Многу одамна, на еден пазар, Мукадер го загубила синчето и од тогаш започнува болката и тагата на големото семејство, кои живеат со помислата дека еден ден ќе го најдат нивниот исчезнат син... нивниот исчезнат внук... нивниот исчезнат брат.... и нејзиниот исчезнат вујко. Тоа ненадејно исчезнување, таа дамнешна случка оставила илјадници прашалници, чекање и очекување кај семејството. По игра на судбината се испоставува дека Тарик е всушност исчезнатиот член на големото семејство. Следува низа на недоразбирања кои ќе се претворат во големи комични авантури меѓу Тарик, Јонџа и семејството. Ситуации кои ќе ве насмеат до солзи и ќе донесат радост и среќа во летните ноќи, a вистината за исчезнатиот е на чекор до откривање.

Улоги : Seray Kaya, Gökhan Alkan, Yeliz Kuvancı, Ayşenil Şamlıoğlu, Erman Okay, Ahmet Kayakesen, Yeşim Salkım​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 117 / 117