Втора шанса (2013)

Џејлан е модна дизајнерка која работи за познат турски пејач, а пак Коркут е сиромашен дечко кој живее во Германија. Џејлан е лудо вљубена во пејачот Толга и ја користи секоја прилика да му се доближи, а Коркут уште како бебе бил напуштен од биолошките родители, за потоа да биде оставен и од оние кои го посвоиле. Две души, разочарани од љубовта и животот. Таа... останата сама на себе во Германија откако сфаќа дека нејзината платонска љубов Толга е вљубен во друга, а пак тој... Коркут, разочаран од животот и од девојката која го оставила. Во таква беизлезна ситуација, сосема случајно се запознаваат Џејлан и Коркут. Коркут ќе успее да ја спаси младата девојка од луѓе кои сакаат да ја ограбат и нападнат, па од тој момент, и кај двајцата започнуваат да се раѓаат искрите на љубовта, кои ќе горат сè посилно и посилно.
Се враќаат во Истанбул во потрага по среќа, а неговиот живот се менува кога го запознава своето вистинско семејство, кое живее луксузно и богато. Тука се неговата доминантна мајка, и неговиот брат, кој ги ужива сите привилегии на раскошот. Џејлан ќе промени многу работи во животот на Коркут, но дали ќе може да ги залечи раните во неговото срце од предадената љубов од неговото биолошко семејство? Ќе може ли да се оствари нивната љубов, знаејќи го фактот дека Коркут живее со куршум во главата и таквиот живот нема да трае долго.

Улоги : Seçkin Özdemir, Damla Sönmez, Elçin Sangu, Yamaç Telli, Zuhal Olcay​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 75 / 75