Величествениот (2011)

Султан Сулејман I, познат уште и како Сулејман Величествениот бил десетиот султан на Отоманската империја во периодот од 1520 до 1566 година. Го наследил Селим I на тронот. Сулејман бил роден на 6 ноември 1494 година во Трабзон. Во време на неговото владеење, Отоманската империја станала најголема светска сила. И покрај тоа што империјата продолжила да ги шири своите територии по неговата смрт, сепак се смета дека по неговата смрт империјата започнала постепено да се распаѓа.

Сулејман I е еден од најуспешните султани на Отоманската империја. Во западните земји е познат како Величенствениот, а во источните како Законодавецот. На султанскиот трон се качил во 1520 година и владеел до 1566 година. Ги освоил најсветите муслимански градови Мека, Медина, Ерусалим, Дамаск и Багдад. Периодот на владеење на султанот Сулејман Први е познат како најдолгиот период на владење на некој турски султан и вечичествениот век, а серијата го прикажува животот на Султанот и сите интриги во неговиот двор и харем. На 26 годишна возраст, кога започнува неговто владеење, тој решава да изгради империја која ќе биде помоќна од империјата на Александар Македонски со што отоманската војска ќе стане непобедлива. Во текот на неговото 46 годишно владеење станал познат како најголем освојувач на Истокот и Западот. Кога доаѓа на тронот крунисан на една ловечка забава, не ни сонува дека ќе стане еден од најголемите владетели во историјата. Во палатата во Маниса останува неговата жена Махидевран и неговиот син, младиот принц Мустафа, а тој со неговиот пријател и побратим Ибрахим се упатува кон палатата Топкани во Истанбул. Во меѓувреме еден отомански брод испловува кон Крим во Црното море да донесе робинки како подарок за Отоманската империја. На бродот се наоѓа и Александра де ла Роса, ќерка на украински православен свештеник. Младата деовјка, која е грабната од својата фамилија и продадена на Кримската палата, подоцна станува Хурем, жена на султанот Сулејман и мајка на новите принцови кои заедно со таткото треба да владеат со Империјата со помош на многу завери и крвопролевања.

Како што расте нетрпеливоста во харемот меѓу жената и љубовницата на султанот, така расте и нетрпеливоста меѓу останатите членови на фамилијата и и слугите. Во приказната се вклучуваат и многу историски ликови како Мехмед паша Соколович и Рустем паша. Султанот Сулејман го осовјува светот, но скапо плаќа за силните чувства кон робинката Хурем (Александра), плаќа со животот на својот најдобар пријател и со смртната опаснот што им претстои на неговите синови. Хурем паѓа во безмилосната и крвничка игра за моќ и превласт која полека ги уништува сите.

Улоги: Halit Ergenç Nur Fettahoğlu, Nebahat Çehre, Okan Yalabık, Meryem Uzerli, Filiz Ahmet​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 263 / 263