Љубов и грев (2015)

Керим е богат бизнисмен. Живее луксузно со својата сопруга Селда и нивните деца, несвесен дека една погрешна одлука може да го промени целиот негов живот. Одлука која ќе ги разниша семејните врски и љубовта ќе ја претвори во грев.

За да се оддолжи на човекот што му го спасил животот и починал, Керим ќе реши да ги донесе вдовицата и ќерката на тој човек во неговата куќа. Имено, Фатма и ќерката Несрин доаѓаат во вилата на богатото семејство, кое од друга страна е изненадено што сосема непознати и сиромашни луѓе ќе живеат под нивниот кров. Тие насетуваат дека дојденците не се такви какви што навидум изгледаат и сето тоа набрзо ќе им се удри како бумеранг.

Несрин е магепсана од богатството и раскошот во куќата, од манирите и облеката на госпоѓата Селда, од животот кој го живеат тие луѓе. Нејзината болна амбиција ќе ја надмине скромноста, а желбата за пари и моќ ќе ја одведе во погрешна насока. Затоа, Несрин ќе го заведе Керим со цел да се омажи за него и да стане идната господарка на куќата.

Класична драма за гревот што ќе ја надвладее и љубовта. За лудоста да се има она кое не смее, за опсесијата да се растури она што е најсвето.

Улоги : İlknur Şaşmazer, Türkan Kılıç, Seren Deniz Yalçın, Tekin Temel

Извор: www.tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 117 / 117