Фановите може да здивнат: Актерката Џансу Дере не загина во земјотресот во Турција

 

Актерката Џансу Дере не загина во земјотресот во Турција 

 

Обожавателите на турската актерка Џансу Дере многу се загрижија за неа бидејќи таа не се огласила на социјалните мрежи по разорниот земјотрес во Турција. Но, сега можат да здивнат бидејќи е објавено видео на кое се гледа како таа им помага на своите сограѓани. Турската новинарка Бирсен Алтунташ објави дека Џансу е жива и здрава и дека им помага на граѓаните повредени во земјотресот, но и дека нејзината куќа била во епицентарот на земјотресот. 

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како познатата актерка им помага на настраданите на теренот. Турските медиуми пишуваат дека актерката несебично им се придружила на граѓаните и хуманитарците за да им пружи помош на сите на кои им е потребна. 43-годишната актерка е родена во Анкара, а нејзиниот татко е имигрант од Бугарија. 

По дипломирањето, таа се посветила на манекенството и ја освоила титулата Мис на Турција, што ѝ ја отвори вратата за улоги во ТВ серии. Нејзината прва улога беше во турската серија „Метропалас“ од 2004 година, а следната година глумеше во три серии „Аланкакаранлик“, „Аврупа Јакаси“ и „Гуз Јангани“.  Две години подоцна ја доби главната улога во хит серијата „Сила“ која ја прослави низ целиот свет, а позната е и по улогите во серијата Infiel и светскиот хит „Сулејман Величествениот“.

Најави се или регистрирај се за да коментираш.
Бидете први и коментирајте на видеото.

Слични новости

Последни новости

Најчитани