Златен глас (2014)

50тите години на минатиот век, време на полова дискриминација, време каде жените биле предодредени да имаат повеќе обврски отколку права, а улогите на мајки, сопруги и домаќинки биле над сѐ останато. И во една таква ера, се запознаваме со приказната за Еленита Варгас, млада девојка која мечтае за слобода и права. Таа сонува да стане позната пејачка, а музиката е она што го исполнува нејзиното срце и ја разнежнува душата на оние кои ја слушаат. Нејзините најголеми копнежи и задоволства ги доживува токму преку пеењето, со што сака да ги погази сите предрасуди и препреки кои постојат за жените во тоа општество. Нејзината мајка, конзервативната Хулија е против тоа Еленита да стане пејачка, па затоа ќе ја казнува и ќе ја испрати во интернат. Но, гласот за слобода е посилен од било што друго. Од интернатот, Херман, пријател на нејзиното семејство, ѝ помага да избега и ѝ нуди шанса да стане пејачка, но она што нашата хероина не го знае е дека пеколот со Херман допрва започнува. Патот до успехот е тежок, а борбата против слепата љубов уште потешка.

Еленита станува позната пејачка и се изградува како личност, свесна дека популарната музика не познава родови и граници, не познава класи и разлики, а токму на тој пат, таа ќе биде водена од својот глас. Од златниот глас на телото и умот.

Улоги : Majida Issa, Ana María Estupiñán, Diego Cadavid, Leonardo Acosta, Laura Garcia, Luis Fernando Montoya, Greeicy Rendón

Извор:tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 63 / 63