Тајни соништа (2018)

Елиф е млада девојка, која пораснала во сиромаштија заедно со нејзиниот татко, злобната маќеа и злобните деца на маќеата. Таа сонува да се спаси од живот во окови и притисоци. Сонува да замине од тоа маало и да се омажи за принцот од нејзините соништа.

Една вечер, заедно со својата дргарка успева да биде гостинка на една позната модна церемонија каде го запознава богатиот текстилен магнат Булут. Тој не знае дека девојката е обична продавачка, а таа не е свесна дека таа средба засекогаш ќе го промени нејзиниот живот и ќе го оствари нејзиниот сон. Но, реалноста е сосема друга. Наговорен од злобната маќеа, нејзиниот татко решава да ја продаде ќерката Елиф на богат и стар човек. Иако првин одбива, сепак Елиф е приморана да го прифати тој брак. Но, вечерта на свршувачката, во куќата на Елиф доаѓа Булут кој е подготвен да ја спаси девојката од суровата судбина. Дали е ова шансата за Елиф да го оствари својот сон или засекогаш ќе се помири со својата судбина?

Улоги : Hazal Filiz Küçükköse (Елиф), Ceyhun Mengiroğlu (Булут), Ulaş Tuna Astepe (Алаз), Özge Özder (Рухшан) и др.​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 13 / 13