Една е мајка (2017)

Нефисе е мајка на четири деца. По смртта на својот сопруг, таа е глава на фамилијата, грижејќи се деноноќно за своите чеда и давајќи го најдоброто за да ги исправи на прав пат. Работи во ресторан, но не заработува доволно за да обезбеди убав живот за нејзините деца. Нејзина најголема поддршка е најстарата ќерка Зејнеп, која започнува исто така да работи, како би ѝ помогнала на мајка си. Еден ден, Нефисе ја зема нејзината малечка ќеркичка на работа, по што го губи работното место и не ја добива ни последната плата.

Разочарана и избезумена, таа вечер на пат накај дома, Нефисе ќе сретне еден ранет маж. Тоа е богатиот бизнисмен Музафер, кој бил нападнат од неговите ривали. Нефисе успева да повика брза помош, а откако се буди во болницата, Музафер дознава за жената и е решен да ја најде таа која му помогнала и му го спасила животот. По игра на случајноста, со помош на нејзината золва, Нефисе добива работа во една богата вила, која ни помалку ни повеќе е вилата на семејството на Музафер. Музафер е заслепен од скромноста и чистата душа на Нефисе, а Нефисе не е ни свесна што ја очекува во богатата вила. Нејзиниот и животот на нејзините деца се вкрстуваат со богатото семејство во кое некои нема така лесно да ја прифатат Нефисе и чувствата кои Музафер почнува да ги појавува кон неа. Истовремено и полубратот на Музафер, Онур се вљубува во Зејнеп, ќерката на Нефисе.

Во светот на богатите, следуваат тешки времиња за Нефисе и нејзините деца, кои ќе мора да се изборат за нивната среќа, но тие деца секогаш ќе ја имаат љубовта и поддршката на Нефисе, затоа што за нив... една е мајка.

 

Улоги : Melis Tuzunguc (Зејнеп), Umit Ibrahim Kantarcilar (Онур), Ahmet Varli (Ахмет), Deniz Bolisik (Нефисе), Fatih Al (Музафер)​

Извор: tvpaket.com.mk

 

Сезони 1 / 1
Епизоди 122 / 122