Семејни тајни

Приказната за неговото семејство започнала многу одамна, во време на немири и неизвесност. Но, сегашноста ги крие семејните тајни.

Семејството на малиот Миколај се доселува во провинцискиот град Станов и ја запознава малечката Катја. Од мали нозе, децата стануваат блиски пријатели, а потоа и се вљубуваат еден во друг. Но, семејните трагедии ги раздвоија нивните срца и ги раскрстија нивните патишта. Таткото на Катја исчезнува под мистериозни околности, а мајката на Миколај е убиена. Полициските служби го обвинуваат таткото на Миколај за злосторството и го осудуваат на долги години затворска казна. Грижата за Mиколај ја превзема неговата баба, а роднината на Катја ја испраќа во сиропиталиште каде девојката ќе ги помине своите младешки години.

Години подоцна, Mиколај се враќа во неговиот роден град за да го пронајде вистинскиот виновник за смртта на својата мајка и да ја пронајде правдата. Таму се среќава со Катја, која се враќа во гратчето и меѓу нив повторно се будат старите емоции. Меѓутоа, големите тајни што се криеле од нив станаа бариера за нивната заедничка среќа. Во истрагата и во потрагата по правда, Mиколај ќе открие многу детали кои ќе доведат до неочекувани откритија. Тајните од минатото влечат корени уште од 1944 година, а се врзани со шокантни вистини, борба за наследство и украдени соништа на едно благородничко семејство.

Улоги : Анастасия Пустовит, Макар Тихомиров, Ирина Новак, Римма Зюбина, Леся Самаева, Александр Соколов, Даниил Мирешкин

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 95 / 95