Борбата на мајката (2019)

Во местото каде не бледеат трагите од антиката, таму каде тврдините кријат вековна историја, а камените конаци негуваат долга традиција. Токму таму, под сенката на мистичната Анадолија доаѓа приказна за борбата на една силна мајка, eдна тажна жена која ќе стори сè за своите чеда затоа што само таа ја знае силата на жртвата и големината на љубовта. Затоа што таа знае дека само ... една е мајка.

Семејствата Карадаг и Ширхан со векови биле блиски, си помагале, се поддржувале и заеднички ја планирале иднината на нивните поколенија. Во име на традицијата и закоравените обичаи, ќерката на семејството Карадаг, Мелек е верена со синот на семејството Ширхан, Халил и двајцата се принудени да се омажат еден за друг. И покрај нејзината неподготвеност за овој брак, Мелек не може да му се спротистави на строгиот татко и да ја погази дадената рака на човек кон кого ништо не чувствува. На денот на нивната свршувачка, таа бега во Берлин со Алпај, човекот во кој е вљубена. По овој голем срам, семејствата никогаш повеќе не го спомнуваат името на Мелек која ја погази нивната традиција и ја извалка честта на семејствата. За Сејит Али, неговата скапоцена ќерка е мртва, а Халил е единствениот кој не може да ја заборави Мелек и со години ги носи чувствата како товар во срцето. Мелек остава сè зад себе за да се омажи за Алпај, но работите таму, на другата страна на светот, не функционираат како што е планирано. И покрај годините и трите деца кои веќе ги има, работите излегуваат од контрола, нејзиниот брак почнува да тоне, а таа ја дознава и страшната вистина за нејзината фатална болест.

И токму тогаш, кога се чини дека сите несреќи надвиснале над нејзиниот живот, Алпеј се разведува од неа и решава да го превзеде старателството над нивните деца. Откако изгуби сè, откако стана сама и осамена, Мелек ги зема своите три деца и се враќа во татковината, онаму од каде избега во домот кој е нејзината судбина. Во местото каде започна нејзината приказна, продолжува нејзината борба за своите деца и со своите деца. Мелек ќе сфати дека мајчинството не е откажување, туку борба поголема од онаа за себе. Но, во таа борба, таа ќе мора да ја добие побараната прошка, да ја исчисти извалканата чест и онаму каде припаѓа нејзината душа, да ја прифати и засака љубовта на нејзиниот живот.

Улоги : Nehir Erdoğan (Мелек), Kutsi (Халил), Mehmet Çevik (Сеит Али), Şerif Sezer (Нефисе), Rabia Soytürk (Дефне) и др.​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 174 / 174