Белото памукче

И богатите и сиромашните, и среќните и несреќните, и обессправените и господарите... сите тие живеат во Адана, црпејќи ги богатствата на памучните полиња и живеејќи од таа плодна почна. Албанаш е најбогата фамилија во регионот, кои поседуваат бескрајни полиња со памук, имаат голема фабрика за преработка на памук и живеат во голема куќа на нивниот имот. За нив работат илјадници луѓе, од работници на полињата и во фабриката до слуги во куќата. Покојниот татко Албанаш им ја оставил моќната империја во рацете на четворицата синови, и тоа Халил, Омер, Мустафа и Мехмет Али. Најстариот брат Халил сонува да стане познат архитект во странство, но секој негов чекор за да си го оствари сонот е попречен од семејството и од Ѓулизар која е вљубена во него. Мустафа живее безгрижен живот заедно со неговата млада и убава сопруга Мерјем, не правејќи ништо по цели денови освен јавање коњи и возење луксузни автомобили. Најмладиот Мустафа Али само што е вратен од Америка каде ги завршил студиите, а неговото игнорирање на семејните правила и обврски е тоа што им пречи на неговите браќа. Омер е оној кој е на чело на успешната фабрика, а истовремено и најпосакуван кај девојките од богатите кругови. На неговите полиња работи белата работничка Џерен во која Омер една ноќ се вљубува на прв поглед. Привлечноста меѓу двајцата е голема, а нивната љубовна приказна почнува полека но сигурно да се остварува. Џерен е една од најубавите работнички на полињата, онаа чија кожа останува бела и покрај тоа што по цел ден се на сонце и поради тоа е наречена белото памукче. Но, Џерен е дојдена во Адана со друга цел. Таа сака да ги открие тајните кои го обвиткале нејзиното минато, па постепено почнува да сфаќа дека болните лаги околу убиството на нејзиното семејство се поврзани со семејството Албанаш. Дедото на Омер, Хаџи Сефер е во инвалидска количка и тој е единствениот кој ја знае целата вистина. Семејните тајни почнуваат да се откриваат и ќе ја стават во прашање и љубовта на Џерен и Омер.

 

Улоги: Altan Erkekli, Erkan Petekkaya, Mehmet Günsür, İsmail Hacıoğlu, Sezin Akbaşoğulları, Tülin Özen, Esra Kızıldoğan Uygur

Сезони 1 / 1
Епизоди 74 / 74