Дива (2019)

Во далечните вилаети и подзаборавени руини на Анадолија се раѓа вековната легенда за една невозможна љубов. Онаму каде срцето ја слуша само заповедтта на традицијата и одбраната на честа е посилно од разумот, токму таму љубовта ќе стане нивна религија.

 

Рејхан е внука на Насух Шадоглу, глава на едно од најмоќните семејства во Мардин. Иако таткото на Рејхан, Хазар и вујкото Џихан се познати аги, сепак вистинскиот водач на племето е стариот Насух. Насух постојано ја малтретира Рејхан и повеќе е наклонет кон нејзиниот братучед Јарен бидејќи Рејхан не му е всушност вистинска внука. Судбината на Рејхан се менува на денот кога оди да го јава својот коњ, притоа вкрстувајќи го својот пат со оној на Миран, наследникот на семејството Асланбеј.

Двајцата се вљубуваат еден во друг и Миран е решен да се ожени со убавата девојка. Но, неговите намери не се чесни. Единствено што Миран бара е одмазда кон семејството на Рејхан, кое е виновно за смртта на неговите родители. Кога срцето е полно со неизмерна желба за горчлива одмазда, тогаш нити љубовта ќе може да го осветли неговиот пат, ниту добрината ќе му даде поттик за убава иднина. По големата венчавка на Рејхан и Миран и првата брачна ноќ во големиот конак, тој свирепо ја напушта девојката, одмаздувајќи се за погазената чест на неговото семејство. Таа што конечно ќе ја тргне црнината од глава и ќе ја слави победата е злобната Азизе, бабата на Миран и глава на фамилијата Асланбеј.

За некои ова е реванш што долго ќе се памети, но за другите е само почеток на уште пожестока битка за чест. Битка меѓу две семејства која ќе донесе многу крв и ќе пролее многу солзи, но и битка која ќе ги открие долго чуваните тајни и ќе ја издигне љубовта над сè друго. Љубовта на дивата Рејхан и маркантниот Миран која станува посилна од судбината и дадените аманети. Љубов која во оковите на традицијата и безнадежноста, станува невозможна, бескрајна и вечна.

Улоги : Ebru Şahin (Рејхан), Akın Akınözü (Миран), Gülçin Santırcıoğlu (Султан), Serhat Tutumluer (Хазар), Oya Unustası (Ѓонул), Ahmet Tansu Taşanlar (Азат), Serdar Özer (Џихан), Gülçin Hatıhan (Хандан), (Јарен) и др.​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 167 / 167