Богаташи

Џансу е млада и богата девојка, која живее во голема вила заедно со нејзиното семејство. Нејзината доминантна мајка ја мрази Џансу затоа што смета дека девојката носи лоша среќа, и поради тоа, сака да ѝ го контролира животот и да ја омажи богато. За таа цел, семејството на Џансу се договориле со богатите Кахалови за нивниот внук Мерт да се ожени со нивната Џансу. Но, и Мерт како и Џансу, не сака да влезе во договорен брак, па затоа го замолува својот другар Керем да оди на тој договорен состанок место него, а во замена, ќе му отстапи менаџерска позиција во ланецот продавници кои ги има неговото семејство. Керем е млад и згоден дечко, најдобар другар на Мерт, кој долги години работел во нивната компанија и оваа шанса му се чини како одлична за да напредува во кариерата.
И Џансу попушта, па решава да ја послуша мајка си и да оди на договорениот состанок. И токму на тој договорен состанок, се запознаваат Керем и Џансу, и се вљубуваат еден во друг. Џансу не ја знае играта на Мерт и Керем, па затоа верува дека Керем е всушност Мерт, избраникот на нејзината мајка. Работите се комплицираат кога Мерт ќе се вљуби во другарката на Џансу, а Џансу ќе дознае дека дечкото во кој се вљубила не е Мерт, туку сиромашниот Керем.

Улоги : Hazar Ergüçlü (Џансу), Engin Öztürk (Керем), Ozan Dolunay (Мерт), Meriç Aral (Еџе), Zuhal Olcay (Суреја), Nihat Altinkaya (Левент)​

 

 

 

Сезони 1 / 1
Епизоди 76 / 76