Двоен Живот (2016)

Еден погрешен чекор ќе го разоткрие неговиот двоен живот. Приказна за напорите и искушенијата на човекот кои поради одлуките од минатото ќе се најде меѓу два огна, две жени, две ќерки и два сина. Татко растргнат меѓу две фамилии ќе мора да ја признае вистината затоа што во рацете на непризнатиот син лежи животот на оној другиот. Две фамилии, но само една вистина. Два живота, но само една судбина.
Кенан Ипекчи е деловен човек кој живее со сопругата Сузан, синот Мерт и ќерката Чичек. Навидум идиличен семеен живот. Но, паралелно со овој живот на богат бизнисмен и посветен татко и сопруг во Истанбул, тој има и друг живот. Живот на татко и сопруг на друга фамилија во Адана. Таму живее неговата љубов од младоста, Нилгун со која ги има децата Хасрет и Кадер. Поради сплетки од неговата фамилија, тој морал да се раздели од Нилгун и за да ги заштити неговите деца, ќе мора да води двоен живот и да се грижи и за таа фамилија. Откако лагите ќе излезат на виделина, Кенан ќе стори сѐ за да ја заштити својата непрежалена љубов, но и да ја одржи врската меѓу децата од двете фамилии, кои меѓусебно се мразат. Неговата законска жена Сузан е горделива и високообразована која откако ќе открие за постоењето на другото семејство на сопругот, решава работите да ги превземе во свои раце и да го уништи животот на чесната и сиромашна Нилгун и нејзините деца. Семејните тајни ќе ги усложнат животите на двете фамилии, ќе донесат лавина од сплетки и завери, но ќе отворат и стари рани кои е невозможно да се зашијат така брзо и едноставно.

 

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 33 / 33