Кога лисјата паѓаат (2006)

Секое семејство е дрво. Дали сте подготвени да падне?

Кога паѓаат лисјата е емотивна семејна приказна за Али Риза Текин и неговата сопруга Хаирие кои што во мал град во Турција живеат со своите пет деца (Лејла, Неџла, Фикрет, Ајше и Шевкет) кои ги научиле на најдобрите морални вредности. Семејството Текин решава да се пресели во Истанбул откако ќерката Лејла е примена на универзитетот во Истанбул. Со тоа господин Али Риза е приморан да ја напушти работата како гувернер во местото. Модерниот свет и економската нестабилност на животот во големиот град се заканите со кои се соочува ова семејство. Семејството на Али Риза, преку кое се разгледува прашањето за силните семејни врски во модерниот начин на живот е под постојана опасност од распаѓање. Господинот Али Риза ја губи контролата како глава на фамилијата и фамилијата е на работ да падне во голема бездна откако секој ќе тргне по својот пат...

 

Улоги: Halil Ergün, Güven Hokna, Bennu Yıldırımlar, Bedia Ener, Deniz Çakır, Hasan Küçükçetin, Fırat Mert, Gökçe Bahadır, Fahriye Evcen, Seda Demir, Şebnem Ceceli, Ahmet Saraçoğlu, Güler Ökten,​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 30 / 30