Судбина (Канал 5) (2022)

Дуња и Умут се две бебиња кои се заменети во болница на денот на нивното раѓање. После многу години од овој чин што ќе им го промени животот, тие се среќаваат не знаејќи дека делат иста судбина.

Вистинскиот татко на Дуња бил убеден дека неговата сопруга ќе му роди здраво машко бебе. Кога неговата жена Кериме се породила, разочаран што се родило девојче, решава да ги замени бебињата, а во тоа му помага една од сестрите во болницата.

За жал, Кериме знае дека нејзиното девојче е заменето но е принудена да молчи и да живее со таа болка цел живот.

После многу години, судбината ќе ги спои Дуња и Умут, помеѓу нив ќе се роди голема љубов.. која ќе биде ставена на тест кога ќе се открие мрачната тајна која ќе им ги промени животите.

Улоги : Erkan Meriç, Yasemin Öztürk, Alper Türedi, Ufuk Kaplan​

Извор: www.tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 79 / 79