Среќа (2015)

Кумсал е млада и богата девојка, која сепак живее неисполнет живот. Мора да прави сѐ како што ќе ѝ каже татко ѝ и поради тоа чувствува дека е загушена и без слобода. Нејзиниот строг татко сака ќерка му да ги следи неговите стапки и да студира архитектура во Измир каде што живее, а пак нејзина желба е да се запише на факултет во Истанбул и да се тргне од тоа место кое ја гуши. Без знаење на татка си, Кумсал ќе аплицира и ќе добие место на универзитет во Истанбул. Во еден таков очаен момент кога се плаши да замине без да дознае татко ѝ младата девојка го запознава Бату, младо и весело момче кое исто така успеал да добие место на факултет во Истанбул. Но, поради недостиг на пари, тој не може да се запише. Без разлика колку и да биде тешко, овие млади луѓе решаваат да си ја пробаат среќата и да заминат во Истанбул. Таа бега од деспотскиот татко, а тој од проблематичниот татко и човекот кој го следи. Нивните срца ќе затреперат пред прагот на љубовта во големиот град каде тргнаа да ја пронајдат среќата. Но, што за нив ќе биде среќа - бегството од реалните проблеми или слободата која значи борба и опстанок во неизвесната иднина?

 

Улоги : Ezgi Eyüboğlu, Kaan Yıldırım, Aslı Bekiroğlu, Dilara Aksüyek, Zeynep Bastık, Ceyhun Mengiroğlu, Orçun İynemli

 

Извор: www.tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 23 / 23