Пет сестри (2008)

Ова е приказна за пет сестри кои по загубата на своите родители, остануваат сами да се борат во животот. И покрај тоа што некогаш се караат, тие секогаш се тука една за сите и сите за една. Најстарата сестра Елиф е дваесетгодишна студентка по право која ја има улогата на мајка и татко за останатите. Средношколката Армаган има 17 години и е бунтовна, силна и со диво срце. Петнаесетгодишната Јелиз е тинејџерка која е загрижена со училишните проблеми и сака да стане популарна меѓу другарките и покрај малкуте пари кои ги има во нејзиниот паричник. Билге е 12-годишната сестра, страствен читател, одговорна и пред неа се наоѓа нов период во животот, пубертетот. Најмалата е Џансу, шестгодишно слатко девојче која е многу чувствителна и која многу ја сака музиката. Овие сестри секој ден го почнуваат со љубов и борба за живот, живеејќи во куќата на нивните родители.

Улоги: Özge Borak, Hande Soral, Fulya Zenginer, Elif İşcan, Selin Ilgar, Ali İl, Birsen Dürülü​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 108 / 108