Украдено дете (2022)

Дефне и Чинар го очекуваат своето прво дете. Радоста е голема во големата куќа, а најголема поддршка за време на бременоста, Дефне добива од својата верна слугинка, Мерием. За Дефне претставува голема радост што и нејзината слугинка е исто така бремена, па двете заедно ги очекуваат своите бебиња да дојдат на свет.

Но, дента кога Дефне го раѓа своето бебе е дента кога започнува најголемиот кошмар за неа. Бебето е киднапирано од болницата, а полицијата веднаш започнува истрага. Во потрагата по детето се вклучува и поранешниот сопруг на Дефне што предизвикува љубомора и гнев кај Чинар. На тест е ставен бракот, но и разумот на младата мајка. Секој ден, секоја минута, секоја секунда, таа се бори да го најде своето дете, а поддршка и овојпат ќе добива од слугинката Мерием. Но, она што никој не може да го претпостави е дека Мерием е таа која ја лажирала сопствената бременост и всушност таа е киднаперот на бебето. Најголемата пријателка на Дефне се испоставува дека е нејзин најголем непријател.

Улоги : Ahmet Varlı, Birgül Ulusoy, Demet Gül, Engin Öztürk, Gün Akıncı, Irem Helvacioglu​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 28 / 28