Шербет од брусница (2022)

Безвременска приказна која стана класика и за брзо ги собори сите рекорди на гледаност, оставајќи ја далеку зад себе конкуренцијата во сите возрасни групи. Популарноста на оваа импресивна драма ги надмина и границите на малите екрани, станувајќи глобален феномен на социјалните мрежи и привлекувајќи огромен број на фанови кои со нетрпение ја очекуваат секоја следна епизода.

Дога е млада студентка која пораснала во нормална и урбана фамилија. Живее со својата мајка Кивилџим, урбана и независна жена, како и со сестрата Чимен. Нивниот живот се менува кога Дога решава да се омажи за Фатих, човекот во кој е вљубена и кој потекнува од богата, но преконзервативна фамилија. Кивилџим е жена која е приврзана за модерните принципи, верува во кариера и слобода, па затоа ќе направи сѐ за да ја убеди ќерка си да се откаже од тој брак.

Од друга страна, Фатих е приврзан за конзервативни вредности на живот. Неговиот татко, господинот Абдула е строг човек која бара од сите членови во неговото семејство да се однесуваат согласно начелата на традицијата и неговите желби. Бизнисот на Абдула е доста успешен и тој работи со неговиот помлад брат Омер, како и со синовите Фатих и Мустафа, а воедно сака целото негово семејство да живее под заеднички кров без разлика дали се во брак.

Работите добиваат сосема друга насока кога семејствата на двајцата млади се запознаваат. Мајката на Дога е шокирана од религиозната фамилија на зетот и чудните правила кои владеат под тој кров, а пак семејството на Фатих е изненадено од, за нив, неприфатливото и либерално однесување на семејството на невестата.

Љубовта на двајцата млади ќе предизвика судир меѓу овие две семејства за кои е невозможно да живеат заедно. Судир кој ќе ги соочи модерното со традиционалното, слободата со ограниченоста, разумот со чувствата.

Улоги : Sıla Türkoğlu (Дога), Barış Kılıç (Омер), Evrim Alasya (Кивилџим), Settar Tanrıöğen (Абдула), Doğukan Güngör (Фатих)

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 245 / 245