Марија и Мустафа (2020)

Во местото каде се прелеваат боите на виножитото во пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината, токму таму во магичната Кападокија зад спуштените завеси на големите конаци и мистичните градби на природата, се раѓа љубов која ќе мора да ги надмине сите граници на невозможното и да се избори со сета злоба и застрашувачки адети.

Мустафа е млад дечко, еден од наследниците на големото и моќно семејство Џендемир. Кога неговиот брат умрел, Мустафа морал да ожени со Гонча, вереницата на неговиот брат која впрочем и носела дете во тој момент. Нивниот брак е само формалност, затоа што Мустафа само морал да ја превземе одговорноста за бебето кое таа го носи и да овозможи убав и чесен живот за внуката. Иако Мустафа е оженет со Гонча, тој никогаш не ја засакал и никогаш не ѝ бил вистински сопруг. Тој го жртвувал сопствениот живот за доброто и честа на своето семејство, а со цел да се спречи крвната одмазда меѓу неговото и семејството на Гонџа. Семејството на Мустафа живее во голем конак, каде се неговиот татко Кудрет, неговите сестри Надире и Нисан, неговиот брат Сахин, неговата снаа Иџлал, неговиот внук Зејно и неговата сопруга Гонџа со ќерката Мелек.

Сепак, животот на младиот Мустафа се менува од корен кога ја запознава убавата Марија, млада Колумбијка која доаѓа во Кападокоја како би го посетила гробот на мртвиот татко и би го продала наследеното земјиште со цел да се врати во Колумбија и да отвори ресторан. Но, доаѓањето на Марија во тоа магично место го менува текот на работите, затоа што таа ќе мора да се соочи со мештаните кои ѕверски го посакуваат нејзиното земјиште, а од друга страна и да се избори со новите чувства кои ги пројавува кон непознаникот што го запозна.

Мустафа и Марија секој ден се зближуваат еден со друг иако доаѓаат од различни средини. Тие уживаат да го поминуваат времето заедно и на крајот се вљубуваат еден во друг. За еден месец, Марија одлучува да остане во Кападокија и да започне нов живот заедно со Мустафа. Марија се чувствува како Кападокија да е нејзиниот нов дом и да припаѓа на местото каде што живее нејзиниот сакан. Како што минува времето, на Мустафа му е сè потешко да ја открие вистината за својот живот, плашејќи се дека ќе ја загуби Марија. Не може да најде соодветно време да каже како бил принуден да се ожени и да стане татко на својата внука. Приказната станува посложена кога Марија останува бремена и ја дознава вистината за Мустафа. Од тој момент, таа има два избори - да замине во родната земја на другиот крај на светот со своето бебе или да остане тука, во камените тврдини на Кападокија каде ќе мора да се бори против традицијата и чудните обичаи.

Улоги : Јessica May (Марија), Hilmi Cem Intepe (Мустафа), Tamer Levent (Кудрет), Haki Bicici (Сахин), Ezgi Celik (Надире)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 35 / 35