Затоа што те сакам

Ако ги прашаме луѓето да кажат што е тоа што не се купува со пари, некои ќе кажат среќа, некои здравје, а некои љубов. А точниот одговор е ...ЉУБОВТА! Таа е посилна и поскапоцена од сè. Поскапоцена дури и од пари. Никој не може да купи љубов без разлика колку е богат. За Азра и Керем, љубовта беше сè што имаат. Се запознаа на Академијата за спорт и оттогаш не се разделија. Но, дали љубовта беше доволна? Азра едвај го издржуваше своето семејство, а Керем некое време беше и без работа. Љубовта беше единственото нешто што го имаа во нивните животи полни со тешкотии и проблеми. Одеднаш, се појави Шенем.Таа беше само уште една од богатите студентки на Азра се' додека не се онесвести еден ден за време на часoт по тенис. Шенем беше болна, требаше да умре. Родена во богато семејство, имаше се' што сакаше. Сè што може да се купи со пари, но не беше среќна. Ниту среќна, нуту здрава. Ниту сакана. Шенем се плашеше да умре без барем еднаш да почувствува љубов. Се плашеше. И' се отвори на Азра како мало дете. Азра беше најдоброто и најлошото што некогаш и' се случило. Таа беше нејзин ангел и ѓавол, пријател и непријател. Азра сакаше да ја искористи Шенем за да го оствари својот сон, да се спаси од сиромаштија и да ја спаси својата љубов со Керем. Но, дали некој може да ја жртвува својата љубов за да спаси нечија туѓа? Дали може да се ризикува такво нешто? Азра и Керем... Еднаш одамна тие имаа само љубов. Но, како и секој што ја жртвува својата љубов за туѓа среќа, така и во нивниот случај, темнината и светлината почнаа да се борат во нивните души. И, знаете... кога се’ почнува да тоне, невозможно е да се запре...

Сезони 1 / 1
Епизоди 30 / 3