Втор живот (2025)

Асли е млада девојка која има сериозно срцево заболување и долго време чека трансплантација. Нејзиниот живот се менува кога Мелике, ќерка на богато семејство, ненадејно умира и нејзиното срце е трансплантирано кај Асли. По трансплантацијата, Рејхан, мајката на Мелике, дознава дека срцето на нејзината почината ќерка сега чука во Асли и почнува да се зближува со неа. Асли така постепено влегува во животот на семејството Алкан, иако не сите во семејството се задоволни од тоа. Особено сомничав е Арас, кој мисли дека Асли и нејзината мајка Хулија можеби ја искористуваат болката на Рејхан за да се стекнат со богатството на семејството. Поради тоа, односот меѓу Асли и Арас на почетокот е исполнет со недоверба и конфликти, но со текот на времето тие почнуваат да се зближуваат. Како што се развива љубовта меѓу Асли и Арас, така почнуваат да се откриваат и тајни поврзани со Мелике и односите во семејството Алкан.

Улоги: Lizge Cömert (Асли), Kerem Bürsin (Арас), Sibel Taşçıoğlu (Рејхан), Deniz Çakır (Хулија)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 21 / 21