Суровиот град (2019)

Сехер Јилмаз е горда, традиционална и помалку конзервативна мајка, која живее со двете ќерки Џемре и Џерен, синот Џиван и свекрвата Нериман во малото место Антакија. Оваа мајка го посветила животот на своите деца и им верува безусловно, но секое од тие деца има свои посебни животи, соништа и амбиции, за кои ни мајката не е свесна. Додека живеат во тешки услови, се борат истовремено со суровоста на животот. Нивните судбини се менуваат кога алчната баба Нериман решава тајно да склопи таен договор со богатиот господин Ага Карачај, кој потекнува од Антакија.

Ага Карачај е имотен човек, кој одамна се отселил од тоа место и се преселил во Истанбул, каде живее во величествена вила заедно со сопругата Шениз, синот Џенк и ќерката Дамла, а воедно ја превзел и грижата за парализираниот внук Недим. Сакајќи да му обезбеди светла иднина на внукот, Ага одлучува од родниот крај да му донесе девојка на Недим со која тој би се оженил и која би се грижела за него во иднина. Со помош на својата слугинка, господинот Ага склучува договор со Нериман за да една од нејзините две внуки стане снаа за внукот во богатото семејство, а за возврат семејството Јилмаз да добие богата парична награда. Од друга страна, Нериман го крие тоа од Сехер и внуците, па ги убедува дека е време да ја напуштат Антакија и да се доселат во Истанбул. По пожарот кој ќе им го уништи домот, Сехер нема друг излез, освен со синот, ќерките и свекрвата да се пресели во големиот, но суров град крај Босфорот.

Ага ги прима во неговиот дом, но работите започнуваат да се комплицираат кога Сехер и ќерките ќе дознаат за тајниот план. Импресивниот и гламурозен свет на фамилијата Карачај крие стара и опасна тајна, која е на чекор да биде откриена откако Сехер и децата се доселуваат во големата вила. Тајни кои ќе го потресат богатото семејство, но и ќе ги испреплетат судбините на дојденците со оние кои веќе живеат во таа вила.

Ништо повеќе нема да биде исто затоа што следува неверојатна лавина на сплетки и измами во двете семејства, кои ќе мора да живеат под ист покрив, кроејќи различни планови и доживувајќи неочекувани пресврти. Ништо повеќе нема да биде исто во таа вила. Ништо повеќе нема да биде исто под крилјата на суровиот Истанбул.

 

Улоги : Фикрет Кушкан (Ага), Дениз Угур (Сехер), Мине Тугај (Шениз), Озан Долунај (Џенк), Сера Кутлубеј (Џемре), Беркер Гувен (Недим), Бахар Шахин (Џерен), Идрис Неби Ташкан (Џиван), Симај Барлас (Дамла), Ајшен Сезерел (Нериман)​

 

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 88 / 88