Лузни (2024)

Алаџа e млада и невина девојка која живее еден скромен живот, заедно со нејзиниот добродушен татко и амбициозната мајка. Љубовта кон докторот Кенан за неа е најголема мотивација и надеж дека животот ќе ѝ ја подари најголемата среќа. Но сепак, тајната за нејзиното вистинско потекло ќе ги отвори раните од минатото и ќе ги разгори огновите на сегашноста. Алаџа е родена од тајна романса на нејзината мајка Емел со злобниот и доминантен богаташ, господинот Баки. Нејзиниот живот добива драматичен пресврт кога на нејзиниот богат и моќен биолошки татко му е потребен бубрег за да ја спаси од смрт богатата и законска ќерка која умира, односно полусестрата на Алаџа. Господинот Баки нема да бира средства ниту да има жал кон било кого само за да ја оствари целта - да ја спаси неговата богата ќерка од смрт. И така спасот го гледа во бебето кое одамна го напуштил, во девојката која носи негова крв и која е единствена што може да ја спаси девојката која умира.

Затоа дава наредба на неговите луѓе - да ја киднапираат Алаџа, а неговиот кумашин, докторот Кенан да ја изврши судбоносната операција, односно да го извади бубрегот од Алаџа и да го пресади кај законската ќерка на Баки. Денот кога бубрегот на Алаџа е насилно одземен од неа предизвикува траума за младата девојка. Од тој момент ништо повеќе нема да биде исто затоа што невината Алаџа започнува потрага по одговори и потрага по вистини. Во таа потрага, таа ќе открие дека дури и Кенан, љубовта на нејзиниот живот., ја крие вистината од неа и учествувал во нејзината најголема несреќа.

Улоги : Ceyda Ceren Edis (Алаџа), Melih Ozkaya (Кенан)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 20 / 20