Приказната за севда (2019)

Севда е млада и убава девојка која живее со нејзината мајка Хајрије, нејзиниот татко Коксал и нејзиниот брат Синан. Шефот на Коксал, Ујгар, e опсесивно заљубен во Севда и ќе направи сѐ за да нејзиното семејство доживее деловен неуспех и на тој начин, да им ја "купи" девојката како би ги спасил од банкрот. Но, таа има други соништа и не сака да биде со човек кого ни малку не го сака.

. Од друга страна, Севда дознава дека нејзиниот брат е земен како заложник од една нарко банда, успева да плати и да го спаси, но бегајќи од полицијата, се сокрива во куќата на Али. Двајцата се запознаваат сосема случајно и сосема случајно ќе се роди љубов, поголема од сите тајни кои висат над нивните животи и посилна од целото зло кое навестува дека ќе ги уништи. Али има цел да ја открие целата мрежа на луѓе поврзани со убиството на неговото дете, а потрагата по вистината го носи повторно до Севда затоа што токму нејзиниот татко е најголемиот виновник за несреќата која го обвила животот на Али. Во таа возбудлива и заплеткана борба за правда, Севда и Али ќе мора да се изборат за својата љубов против сите стапици и интриги кои престојат на тешкиот пат до целта.

Улоги : Keremcem (Али), Özgü Kaya (Севда), Engin Hepileri (Ујгар), Kubilay Penbklioglu (Коксал)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 80 / 80