Приказни од самракот (2011)

Што може да направи една жена кога ќе се најде киднапирана oд непознати луѓе и одведена во најмрачните студени одаи? Какво е чувството да се биде соочен со смртта и да знаеш дека можеш да преживееш, само и само ако ги убиеш другите заложници?

Заледува ли крвта кога ќе се разбудиш во морничава хотелска соба, не знаејќи како си стигнал дотаму, и како можеш да излезеш одтаму? Може ли една обично вечерно излегување со пријателите да ти се претвори во најбизарниот кошмар? И кој стои зад сето тоа? Кој сака да се забавува со вакви свирепи злосторства?

Адреналин од опасните ситуации во кои ќе се најдат обичните луѓе е она што ве очекува во оваа трилер драма. Кога сонцето ќе зајде, месечината ги навестува најстрашните приказни од самракот. Нова играна серија за поинакво телевизиско доживување.

 

Улоги : Juan Manuel Bernal, Sergio Bonilla, Alejandro Lukini, Pedro Sicard, Ángela Fuste, Alberto Guerra,, Víctor Hugo Martín​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 20 / 20