Игра на судбината (2021)

Асије е млада жена која сама ги одгледува своите две деца, откако сопругот Џемал ги напуштил поради финансиски проблеми. И покрај тоа што работи напорно и е комплетно пожртвувана за децата, таа не може да обезбеди пристоен живот за своето семејство. Сепак, никогаш не се жали и се труди да биде многу силна за доброто на нив, за среќата на своите деца.

Животот на Асије и нејзините деца се менува кога нејзината ќерка Нергис во самоодбрана го убива комшијата кој се обидел да ја силува. За да ја заштити својата ќерка од затвор, Асије решава да остави сè зад себе и да избега од полицијата. Ги зема двете деца и тргнува накај суровиот Истанбул. Но, на пат кон големиот град, се запознава со младиот бизнисмен Махир кој долго време живеел во Русија и сега се враќа кај неговото семејство. Тој решава да им помогне на Асије и децата, но сите заедно ќе доживеат една сообраќајка на пат кон градот. Додека Махир е на интензива нега, неговото семејство претпоставува дека Асије е сопругата на Махир, а децата Нергис и Угур дека се деца на Махир. Асије решава да глуми, го користи тој момент и ја прифаќа играта на судбината, па со своите деца се сели во големата вила на семејството Демирхан, водено од господинот Харун.

Меѓутоа, наместо да најдат спас таму, тие во новиот дом се соочуваат со нов предизвик. Таму, Асије налетува на нејзиниот поранешен сопруг Џемал кој ги напуштил пред неколку години, а сега е женет со ќерката на Демирханови, од која има и син. Асије сега се наоѓа во многу лоша ситуација, живеејќи во лаги во туѓа куќа. Таа и нејзините деца треба да го прикријат својот идентитет за да се сокријат од полицијата, преправајќи се дека се семејство на Махир и на тој начин ќе се кријат во вилата одреден период. А во исто време, Асије ќе мора да глуми дека не го познава Џемал, иако таа игра ќе биде многу тешка. Игра на судбината која ќе ги отвори старите рани и ќе ја разгори љубовта од минатото.

Улоги : Oyku Karayel (Aсије), Akin Akinozu (Џемал), Sarp Apak (Махир), Meric Aral (Хелин)​

Извор:  tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 61 / 61