Сунѓерот Боб (1999)

Дејството на цртаниот е сместена во Тихиот Океан, во измислениот град Бикини Дно, опкружено со лагуни. Сунѓерот Боб е пријателски и оптимистички настроен морски сунѓер, кој е веројатно станарот во океанот што најмногу фантазира. Живее во ананас на дното на морето со своето куќно милениче, морскиот полжав Гери. Работи во ресторанот кај Красти Краб, морскиот рак. Неговата специјалност се плескавиците, чиј таен рецепт вешто го крие од својот најголем непријател, Планктон. Најдобар пријател на Сунѓерот Боб е морската ѕвезда Патрик. Тие двајца се неразделни другари, полни со интересни идеи.

 

Извор: tvpaket.com.mk

Жанр
Сезони 1 / 1
Епизоди 49 / 49