Тишина (2012)

Еџевит, Билал, Зеки и Ибрахим се мали момчиња и другари кои живеат во еден турски кварт. Тука е и нивната другарка Аху, која има симпатии кон Еџевит. Тие имаат детство како и сите други момчиња. Имаат соништа и амбиција да си ги остварат соништата. Но еден ден ги менува нивните животи и ги урива нивните соништа. Случајно тие стануваат дел од една сообраќајна несреќа и убиваат еден стар човек. Поради тоа се пратени во дом за малолетни престапници за да ја отслужат казната. Таму го доживуваат вистинскиот пекол. Тепани се и малтретирани од другите деца во домот што остава длабоки рани во нивните животи.

Откако по неколку месеци излегуваат од домот, прават пакт дека никогаш повеќе нема да се видат. По многу години, Еџевит станува успешен адвокат, Зеки станува возач на бизнисмен, а Ибрахим и Билал остануваат да живеат во квартот, но не можат да ги заборават траумите од детството. Тогаш дознаваат дека Зеки е во затвор затоа што убил човек и мораат да се соединат повторно за да го извадат пријателот од затвор. Но се случува уште една трагедија и Зеки е убиен во затворот. Пријателите знаат кој го убил Зеки и ќе почнат одмазда против непријателите.

Улоги: Murat Yıldırım, Sarp Akkaya, Güven Murat Akpınar, Tugay Mercan, Aslı Enver, Berk Hakman

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 10 / 10