По 20 години минати зад решетки, обвинета дека го убила сопругот, Мелике конечно излегува на слобода. Нејзиниот единствен сон е повторно да се соедини со својата ќерка Хазал, која ѝ ја доверила на сестра си кога била бебе. Сепак за Мелике следува нов затвор, овој пат исткаен со лаги и измами. Следува време кога таа ќе ги открива лагите што ѝ се кажани една по една, разбирајќи и во каква игра западнала и кој сѐ е вмешан.
Додека постепено се приближува кон девојката за која мисли дека ѝ е ќерка, таа ќе се потруди да го открие вистинскиот убиец на својот сопруг. Во оваа приказна исткаена со лаги, најсовесните ќе бидат најнемилосрдни, а најлојалните ќе бидат вистинските предавници. Девојката одгледана од нејзината сестра не е бебето од кое Мелике се одрекла пред 20 години. Од страна на тетката и тетинот, бебето било продадено на познатата модна дизајнерка Берин Аксој. Сега таа расте во богатство и раскош, несвесна за вистината која се крие зад нејзиното потекло. Следува опасна игра за да се прикрие вистината. Игра во која секој ќе сака да добие повеќе, а да не изгуби ништо.
Улоги : Aslihan Güner (Мелике), Eylül Tumbar (Дуру), Serra Pirinç (Хазал), Özge Borak (Берин)
Извор: tvpaket.com.mk
