Ќерката на Амбасадорот (2019)

Санџар е син на сиромашен дрвосечач, момче кое никогаш не го напуштило тлото на своето родно место. Наре, од друга страна, е ќерка на амбасадор и девојка која израснала во светски метрополи како Осло, Токио, Кејп Таун, Њу Делхи и Отава. Додека биле наивни и млади, меѓу Наре и Санџар се родила љубов која ги надминала и височините кои некогаш можеле да ги дофатат. Растејќи еден крај друг, Санџар дозна за светот од Наре, додека Наре открива интересни детали за нејзината земја која претходно не ја запознала. Уживајќи во таа нивна љубов, бар за момент тие имаа сила да се спротистават на змејовите, да разговараат со фараоните и да замавнат со мечевите против непријателите. Сите мечти и соништа стануваа стварност во нивниот свет, светот на љубовта, наивноста и искреноста.

Но, таткото на Наре е против нивната врска. Затоа, двајцата млади одлучуваат да побегнат и да се венчаат во тајност. Откако Санџар се посомневал ноќта по неговата венчавка дека Наре го изневерила, тој е лут и затоа ќе ја протера од колибата. Во очај и безнадежност, младата девојка се фрла од работ на бездната и е сериозно ранета, по што исчезнува и така ... се раѓа легендата за ќерката на амбасадорот. Ноќта кога требаше да се обединат, таа исчезна и никој повеќе не ја виде. Некои рекоа дека паднала во морето и умрела, други рекле дека побегнала во Европа како ќерка на амбасадор. Некој дури напиша балада, но никој не можеше да ја заборави мистичната ноќ и сагата за ќерката на амбсадорот.

После 8 години, Наре се враќа во животот на Санџар и тоа во моментот кога Санџар планира да се ожени и да започне нов живот. Покрај грешките од минатото и сенките на гревовите, двајцата млади не може да го заборват она што секогаш ќе ги спојува - чувствата кои никој нема да може да ги притае и пригуши. Наре и Санџар сфаќаат дека животот не може да оди против судбината, ниту против силната љубов која ја чувствуваат еден за друг. Бескрајна љубов пред која небото ќе заплаче и морето ќе се повлече. Љубов на која сите ќе се радуваат, но само едно нешто ќе ги отвори портите на пеколот. Топла и тажна приказна за една вистинска љубов, но и приказна за незапирлива болка по таа, голема љубов.

 

Улоги : Neslihan Atagül (Наре), Engin Akyürek (Санџар), Uraz Kaygılaroğlu (Гедиз), Erdal Küçükkömürcü (Ѓувен), Doğukan Polat (Јахја), Hivda Zizan Alp (Елван) и др.​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 130 / 130