Планината на гневот - Филм 1968 - Георгиевски Љубиша

Видеото ќе почне за 10
Скокни (5)
Disclaimer: This site does not store any files on its server. All contents are provided by non-affiliated third parties.!
1,123 Прегледи
Disclaimer: This site does not store any files on its server. All contents are provided by non-affiliated third parties.
Објавено

Филм од 1968 година , во времетрање од 81 минути.Филмот е снимен во вајдскрин техника, со звук, во црно бела техника и 35мм. Производство Вардар филм - СкопјеЗемја на потекло - Република МакедонијаЖанр социјаленРод Игран филмСодржина: По Втората светска, социјалистичката револуцијавојна и ослободувањето на земјата, настапува време на обнова. Тоа е и време кога се инсистира на колективизација на селските имоти. И во Западна Македонија се настојува да се спроведат новите идеи за развој на земјоделското стопанство и на сточарството. Претседател на селската задруга е Стамат,поранешен борец, кој со сиот свој жар и револуционерен елан работи и верува дека колективизацијата е единствен излез за сиромашниот селанец. На својот пат за подобра иднина тој се судира со отпорот на поимотните селани кои тешко се разделуваат од имотот. Наспроти тоа, Стамат се соочува и со решението на Околискиот комитет, планината што им обезбедува егзистенција и која што селаните ја сметаат за своја, да му се додели на Дрвниот комбинат. Настојувањето на Стамат решението да се промени е без успех. Тој чувствува дека неговиот револуционерен идеал е брутално изневерен поради нечии бирократски решенија. Во овие околности Стамат се соочува со вистината дека селаните не му веруваат, но и покрај тоа застанува на вистинската страна.

Категории
Македонски филмови
Commenting disabled.