До Победата И По Неа - ( Tо Victory And Further ) - Филм 1966 - Митровиќ Живорад 'Жика'

Видеото ќе почне за 10
Скокни (5)
Disclaimer: This site does not store any files on its server. All contents are provided by non-affiliated third parties.!
1,085 Прегледи
Disclaimer: This site does not store any files on its server. All contents are provided by non-affiliated third parties.
Објавено
Производство: Вардар филм - СкопјеЗемја на потекло: Република МакедонијаЖанр: военВреметраење: 106 минутиТип: Филмска лентаТехника: синемаскопЗвук: ДаВо боја: црно-белMM: 35Година: 1966Содржина: Последниот ден од окупацијата жителите на едно мало македонско гратче се сведоци на уште еден крвав чин на окупаторот - стрелање на 12 родољуби, предадени од соработник на окупаторот. И во овој случај, како и повеќе пати пред тоа, предавникот останува непознат за неговите сограѓани. Веќе утредента партизаните влегуваат во градот. Населението учествува во правењето барикади и го оневозможува повлекувањето на непријателот. Заробен е бугарскиот мајор со неговите соработници. Комесарот на одредот дознава дека меѓу стреланите е и неговиот син, непосредно пред тоа испратен во градот, со задача да го открие соработникот на окупаторот. Комесарот стоички ја прима веста за загубата. Тој не му дозволува на народот одмазда врз крвниците. Меѓу заробените, на денот на ослободувањето, по барање на народот се наоѓаат и оние што, според јавното мислење, соработувале или пак имале каква било врска со окупаторот. Сите тие, следени од долга колона сограѓани, тргнуваат на пат до соседното место каде што Народниот суд треба да им суди за злоделата. На овој пат стануваат јасни одредени судбини и групата на обвинетите се намалува. Случајот прави да се открие и виновникот за многубројните провали во партиската организација. По патот, по кратка престрелка, партизаните заробуваат група германски војници. Пристигнуваат на железничката станица каде им е крајот на патот. Пристигнува возот. Додека партизаните полни со оптимизам заминуваат, покрај пругата остануваат нивните придружници и патот кој повторно мораат да го минат.Награди: 1966 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценарио на Симон ДракулSynopsis: The destinies of different people in the first confused days after the Liberation.
Категории
Македонски филмови
Најави се или регистрирај се за да коментираш.
Бидете први и коментирајте на видеото.