Заробена (2022)

Кога компјутерската игра што ја дизајнираше ќе доживее голем успех, компанијата на Тамер добива нов акционер и тоа гигантска американска компанија. Од навидум обична игра до неочекувано богатство и голем луксуз. Тој купува вила крај Босфорот и го зема неговото семејство да живее заедно со него. Но, болното детство е тешко да се заборави, а спомените туку така да избледат. Неговиот живот се менува дополнително кога ја среќава Пери.

Таа е убава и успешна менаџерка на една банка. Како мала, доживеала големо разочарување откако мајка ѝ ги напуштила и избегала со нејзиниот љубовник, а татко ѝ банкротирал и починал. Целиот свој живот, Пери го посетила на својата сестра Наз, да ја израсне и исправи на вистинскиот пат, грижејќи се за неа како за своја ќерка, и покрај зависта која Наз ја чувствувала кон неа. Завист кон успехот, убавината и среќата на Пери. Но, светот на Пери повторно се распаѓа кога дознава за неверството на нејзиниот сопруг и нејзината сестра. Разочарана и повредена, таа решава да изврши самоубиство, но баш тогаш, како некој ангел чувар на нејзиниот пат се појавува Тамер, кој ја спасува и решава да ја киднапира и држи во подрумот на големата вила.

Што се крие зад темните ходиници на вилата и зошто Тамер ја киднапира младата девојка? Траумите од детството ќе го оживеат минатото, но кога правилата ќе се променат, чудната игра ќе донесе голема љубов и шанса за нов почеток.

Улоги : Elçin Sangu (Пери), Engin Altan Düzyatan (Тамер), Sedef Avcı (Берин), Füsun Demirel (Ајсел)

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 43 / 43