Ти си само моја (2015)

Љубовна драма за двајца млади, чија романса станува забранета поради големите суети и социјални разлики. Нивната приказна ќе покаже колку избрзаните одлуки може да бидат ризични, но ќе покаже и дека љубовта на два различни света може да го спои неспоивото и неоткриените тајни да ги доведе до најголемите сомнежи на душата. Еждер е богат наследник, кој по завршените студии, решава да се врати на семејниот имот и да ја превземе компанијата. Но, таму доаѓа со новата сопруга Нагме, млада пијанистка која го освои неговото срце и му го покажа патот до виножитото. Непосакувана снаа во богато семејство. Судир на традицијата и модерните сфаќања, судир меѓу богатството и сиромаштијата, меѓу луѓето и нелуѓето. Многу од членовите на богатото семејство ќе застанат против истанбулската невеста, но љубовта на Еждер и Нагме ќе ги покори сите препреки и ќе ги излечи сите рани. За нив ништо нема да биде невозможно. Ништо, никој и никогаш нема да може да застане на патот на нивната среќа… но дали некогаш судбината скроила поинакви планови? Следува приказна полна со тајни, интиги и неочекувани пресврти. 

 

Улоги : Ruveyda Öksuz (Нагме), Gokhan Keser (Еждер), Seda Akman (Сефика), Burak Sergen (Симал), Güven Hokna (Берекет)​

 

Извор: www.tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 24 / 24