Татковци (2017)

Дванаесет средношколски одбојкарки се киднапирани додека се враќаат во Москва по натпреварот на Кипар каде успеваат да побeдат.

Несреќните девојки се киднапирани од радикални исламисти. Тие терористи планираат да користат некои од нив за трговија со органи, подготвувајќи ги за продажба на црниот пазар. Судбината на останатите е во рацете на терориститите кои ги подготвуваат и за сексуални робинки во хареми или бордели.

Олег е поранешен борец на специјална единица и татко на една од девојките. Тој донесува одлука со молскавична брзина да го спаси своето дете и за ова нашиот херој бара поддршка од другите татковци на заробени девојки.

Овие татковци ги здружуваат силите против киднаперите. За да ги спасат своите ќерки, тие сосема обични мажи, но татковци со големи срца ќе треба да го направат невозможното.

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 12 / 12