Сродни души (2021)

Кадир е средовечен маж кој живее во Доха како би го управувал својот бизнис од странство. Не верува во случајности, туку во труд и волја, па затоа и успешноста на неговиот семеен бизнис се должи токму на неговата макотрпна работа. Уште како мал, неговиот живот го одбележала голема трагедија. Во силен земјотрес починал татко му, а мајка му и малото братче исчезнале. По неколку години, Кадир ги нашол во вилата на деда си, но сега веќе мајката била мажена за друг човек. Сепак, тој останува да живее во големата вила во Истанбул со неговиот дедо, мајка, очувот и братот Ерол. Сепак, Кадир не може да ја прежали смртта на татка си, а со тоа и да го прифати Џемал како нов татко. Затоа и заминал во странство, далеку од дома.

Еден ден, на аеродромот во Доха, сосема случајно и филмски, Кадир се запознава со убавата Ајлиз. Онака како што се запознале неговите родители, така сега судбината сакала и тој да ја запознае неговата сродна душа. Таа го наоѓа прстенот, наследен од таткото на Кадир, кој Кадир го беше загубил на аеродромот. Двајцата се вљубуваат еден во друг, но на патот на нивната среќа стои свршеникот на Ајлиз. Таа не може да премине преку заклетвата дадена на свршеникот, па затоа ќе мора да ја напушти Доха, а со тоа и да се раздели од Кадир. Но, пред разделбата, двајцата си даваат едно ветување - Ајлиз да го земе и да го фрли престенот, па доколку некој од нив двајцата некогаш го најде тоа би значело дека нивната љубов е вистинска и дури тогаш може да бидат заедно.

Работите се комплицираат кога умира дедото на Кадир, а со тоа умира и големата семејна тајна за вистинскиот брат на Кадир. Кадир се враќа поради тоа во Исстанбул каде повторно се среќава со Ајлиз. Таа средба носи голема надеж за пронаоѓање на прстенот за кој си ветија дека ќе ги спои... или засекогаш ќе ги раздели.

Улоги : Özcan Deniz (Кадир), İrem Helvacıoğlu (Ајлиз), İlhan Şen (Ерол), Mustafa Uğurlu (Џемал)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 25 / 25