Скриената судбина (2024)

Мехмет е успешен адвокат кој по смртта на сопругата, се обидува повторно да се зближи со својата ќерка Доа, од која со години бил емоционално оддалечен. ивниот однос е исполнет со болка и недоразбирања, а кога Доа ќе се најде во животна опасност, Мехмет тргнува очајнички да стигне до неа. Додека Мехмет брза кон својата ќерка, тој го удира Џелал со автомобил, кој по несреќата го губи животот. Обземен од вина поради она што се случило, Мехмет чувствува морална обврска да не ги остави сами сопругата и децата на умрениот, па затоа се приближува до Хандан и нејзините деца, и почнува да им помага, без тие да ја знаат целата вистина за неговата поврзаност со смртта на Џелал. Така, неговиот обид да го поправи односот со сопствената ќерка се испреплетува со животот на семејството на човекот за чија смрт се чувствува одговорен. Како што Мехмет станува сè поприсутен животот на Хандан, така и вината, семејните тајни, неверството и чувствата што постепено се раѓаат ја прават вистината сè потешка за криење.

Улоги: Bülent İnal, Ebru Özkan, Mine Tugay, Cüneyt Mete​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 26 / 26