Пресуда (2021)

Додека сè уште била на правен факултет, таткото на Џејлин бил обвинет за злосторство што не го извршил и испратен во затвор. За да ја задоволи правдата и да го заштити законот, таа станува храбра и независна адвокатка бранител која постојано е во неволја со обвинителите и полицијата кои гледаат можеби на правдата од друг агол. За Џејлин, секој заслужува шанса. Шанса да се одбрани, да го докаже спротивното или да се покае за стореното.

Од друга страна, го запознаваме Илгаз, обвинител кој застапува одмерено, сигурно и цврсто. Неговиот татко е почитуван началник за убиства на полициската управа во Истанбул, и токму од него Илгаз го добива своето некомпромисно чувство за доброто и праведното. За него правото и правдата е едно исто и злосторниците се тие кои мора да бидат осудени. Биејќи битка со злото, Илгаз можеби заборава дека семејните врски се посилни од било која желба за правда. Откако неговиот брат е обвинет за убиство, Џејлин е таа кај која Илгаз ќе побара помош. Сега тој се наоѓа пред опасен крстопат - да ја истера правдата како што е навикнат или да направи отстапка во име на крвта која не е вода? Овој пат, тој се наоѓа пред вистинската пресуда. Пресудата на судбината.

Улоги : Kaan Urgancıoğlu (Илгаз), Pınar Deniz (Џелин), Uğur Polat (Јекта), Uğur Aslan (Ерен), Hüseyin Avni Danyal (Метин), Mehmet Yılmaz Ak (Парс) и др.

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 236 / 236