Непобедлива љубов (2023)

На брегот на Пацификот, Марена Рамос, млада девојка што продава риби на плажата, ќе доживее несреќа што случајно ќе ја предизвика Гаел Торенегро, младиот наследник на пиварници низ Мексико, со неговиот скутер. Плашејќи се од бесот на татко му, тајно ја носи Марена на рехабилитација кај привлечниот Адриан. Гаел и Марена почнуваат да чувствуваат силна меѓусебна привлечност, но и Адриан има силни емоции кон неа. Марена возвраќа на љубовта на Гаел и останува бремена со близначињa, иако тој е против раѓањето на децата.

Една ноќ таа и Адриан ќе ја откријат мрежата за трговија со жени зад која стои Рамзес Торенегро, таткото на Гаел. Марена го осудува Рамзес, но неговиот одговор е безмилосен и фатален за нејзиното семејство. Кога таа ќе се породи со близнаците, Рамзес ќе ја запали болницата, но зема едно од новороденчињата. Сите веруваат дека Марена и другото бебе се мртви.

15 години подоцна, што всушност се случило со нејзините деца? Желбата за одмазда повторно ги спојува Марена и Адриан, таа во потрага по своите деца, а Адриан желен за одмазда заради смртта на својата љубов. Сега таа е Леона Браво која има само една единствена цел. Да влезе во светот на моќниот Рамзес Торенегро, човек вмешан во валканиот бизнис со трговија со луѓе, со цел да му се одмазди за нејзината лична трагедија што ја преживеа во минатото…

Улоги : Angelique Boyer, Danilo Carrera, Leticia Calderón, Daniel Elbittar, Marlene Favela, Guillermo García Cantú​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 80 / 80