Наследници (2016)

Младиот и згоден Онур доаѓа од богата фамилија и е потенцијален кандидат за наследник на фамилијарниот бизнис. Но, Онур, како и неговиот необичен братучед Ерол не се 'замара' со ништо во животот, ужива секојдневно и ни на крај памет не му е да се жени. Работите се менуваат кога умира нивниот дедо. Тој остава писмо во кое потенцира дека оној кој прв ќе се ожени од внуците и ќе добие бебе ќе биде тој што ќе го наследи бизнисот. Од тој момент, родителите на Онур започнуваат борба за наследството. Започнуваат да го форсираат синот да се жени, му договараат средби со богати девојки и не го оставаат на мира. Истото го прават и родителите на Ерол. Прашање е само кој од наследниците прв ќе се ожени.

Па така, при еден договорен состанок на слепо од неговата мајка, Онур ја запознава младата Лале во еден ресторан. Онур е договорен да се запознае со друга девојка, а и Лале е договорена да запознае друг Онур, но патиштата им се вкрстуваат случајно и двајцата млади се запознаваат. Таа луда ноќ ќе ги зближи младата цвеќарка и згодниот наследник и токму таа ноќ засекогаш ќе им ги промени животите на двајцата. Лале и Онур се опиваат, ја поминуваат ноќта заедно, а утредента не се сеќаваат на ништо и се разидуваат. По неколку месеци, Лале дознава дека е бремена и нејзината мајка ја приморува да го побара таткото на детето и да се омажи за него. Дали неочекуваната бременост ќе го натера Онур да се ожени со девојка која и не ја познава? Дали бременоста на Лале е клучот кон наследството и за двете семејства? Топла приказна за магичната љубов на двајца млади. Љубов која се роди по грешка, но која ветува весела пролет со незаборавни доживувања на новите ликови од оваа романтична комедија.

 

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 90 / 90